На Твитер се појави вест дека актерот Даниел Редклиф има коронавирус и многу брзо се прошири на социјалните мрежи откако е објавена на лажниот профил кој го носи името „BBC News Tonight“.
„Најнова вест: Даниел Редклиф е позитивен на коронавирус. Актерот е првата јавна личност за која јавно е потврдено дека има коронавирус“, стои во апсолутно измислената објава која успеала да измами многумина, па дури и репортерката на „New York Times“, Меги Хабермен која во меѓувреме се извинила поради споделувањето на лажната вест.
Публицистот на Даниел за „Базфид“ изјави дека тоа не е вистина.
Тој Твитер профил го следеле само 125 корисници, но лажните вести кои повремено се објавувале често допирале до широка маса на луѓе, па сега профилот е избришан.