Откако медиумите објавија дека фирмата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила на 9 тендери од различни институции околу 18 милиони денари или 300.000 евра, лавината реакци не запира.
Порталите не престанаа да пишуваат за неверојатните суми кои владините институции и компании кои му дале тендери на Димитроски, меѓу кои и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација” – напиша порталот Експрес.
Откако тендер сумите беа обелоденети, социјалните мрежи се усвитија и не престанаа да горат, а народот насмеаниот водител „да не го вади од уста“.
Твитерџиите, фесјбукџиите и инстаграмџиите исто така… Меѓу сите оние што фрлаат „дрвја и камења“ по „Жаре – „бизнисменот“ осамнаа и некои довитливи постови или споделени хумористични „сечени, лепени, монтирани“ фотографии, иако вистината немонтирана и сурово реална. По џебот на народот, секако!
Најпознатиот македонски камионџија ем истаграмџија, Дарко – Влогс исто така го „зеде водителот под свое“, па сликовито кажа и прикажа се’ во една слика и три збора.
Емисијата на ТВ водителот Жаре Димитриоски го менува името. Ток шоуто повеќе нема да се вика „Еден на еден“… Сега има дебела причина за тоа. Камионџијата е новиот кум на името. Ја искористи банер рекламата на водителот за му го прекрсти шоуто.
„Еден на еден“ сега прераснува во „Тендер на Тендер“… Дефинитивно пологично, а и поискрено звучи, иако е само Инстаграм шега на Дарко – Влогс, на сметка на водителот… И тоа во четири очи, без тендер! Тендерите претходно завршија… на истата сметка!
Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/edennaeden