Радио Милева

По 25 години Никол Кидман проговори за најболните нешта: „Кога ќе изгубите две деца, празнината останува засекогаш“

По 25 години Никол Кидман проговори за најболните нешта: „Кога ќе изгубите две деца, празнината останува засекогаш“

Пред повеќе од две децении австралиската актерка Никол Кидман го изгубила бебето. Ни денес таа не може да закрепне од таа болка.

Сега мајка на четири деца во едно емотовно интервју отворено зборуваше за несреќата која ја доживеала на само 23 години. Никол, која тогаш се омажила за Том Круз, доживеала вонматерична бременост и го изгубила првото дете.

Втората бременост која ја износила скоро до крајот завршила со спонтан абортус, а губењето на второто дете влијаело на брачни проблеми.

-таа болка, огромна болка, многу ми е позната. И загубата! Празнина која останува по спонтаниот е нешто за кое не се зборува доволно. Огромна болка која кај некои жени останува засекогаш – вели оскаровката. Никол Кидман и Том Круз кои беа заедно 10 години, потоа посвоија две деца, Изабела и Конор Круз.

A post shared by HELLO! Russia (@hello__ru) on

-Во исто време чувствував и болка и одгромна среќа. По тоа страдање чувствував олеснување, раскажува Никол, опишувајќи како се чувствувала кого конечно станала родител.

По разводот од Круз, четири години подоцна таа се мажи за кантри пејачот Кит Урбан, со кој добива две ќерки, Сандеј Роуз(9) и Фејт Маргарет (7). Сандеј ја донесе на свет по природен пат, додека Фејт е родена со помош на сурогат мајка.

To top