Радио Милева

По 20 години пукна пријателството меѓу Цеца и српскиот моден креатор Саша Видиќ

По 20 години пукна пријателството меѓу Цеца и српскиот моден креатор Саша Видиќ

По повеќе од 18 години пукна пријателството меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и модниот критичар Саша Видиќ.

Како што пренесува Курир.рс, фолк пејачката и модниот креатор пред неколку месеци ги прекинале сите контакти, а никој од нив  не се огласи во медиумите.

Меѓутоа, во последно време се повеќе се ширеле гласини дека Цеца и Саша не се дружат, а и не се следат на социјалните мрежи.

Видиќ потврдил дека ставиле крај на нивното пријателство, но не сакал да објасни која е причината.

FOTO: DRAGANA UDOVIČIĆ

„По повод честите прашања за мене и Цеца,  да, точно е дека повеќе не сме блиски, точно е дека не се следиме на Инстаграм. Не прекинав јас, туку тоа. Но, тоа не е важно. Секој од нас има свои стари пријатели. Што е најважно, ние не се разделивме на лош начин, само не разделија различните погледи“ изјави  Саша и додава.

„Гледајте на тоа како на брачен развод. Ние имавме блиско пријателство, а јас секогаш ќе ја почитувам Цеца бидејќи успеавме со години да сочуваме пријателство“ вели модниот критичар.

За потсетување, Цеца за односот со Саша истакна дека никој не смее да плукне на нивното пријателство.

„Не сакам да навлегувам во таа приказна. Јас никогаш не зборувам за другите, па нема ни сега. Да, меѓу мене и Видиќ се случи нешто што е само меѓу нас двајца“ изјави фолк дивата.

To top