Радио Милева

По 12 години решена мистеријата зошто Бритни Спирс ја избричи главата

По 12 години решена мистеријата зошто Бритни Спирс ја избричи главата

Бритни Спирс во 2007 година  преживеа еден од најбурните периоди во животот кога ја избричи главата на ќелаво.

За животот на 37 годишната Бритни Спирс е снимен документарен филм во кој е откриена причината зошто пејачката во 2007 година ја избричи главата.

Имено, актерката пред 12 години замина во фризерски салон каде што ја  избричи главата, а потоа заврши во салон за тетоважи и тоа пред 70 форепортери кои ја следеа.

Во снимањето на новиот филм “Britney Spears: Breaking Point”, учествуваа многу нејзини пријатели и луѓе кои имале прилика да ја запознат.

Во филмот исто така учествува и уметничката на тетоважи која се сретнала со пејачката само неколки минути откако ја избричила главата.

фото: профимедиа

„Надвор имаше врева, не знаев што се случуваше, ми рекоа дека има некој неред и тогаш видов многу блицеви. Полека се отворија вратите и личност со капут влезе во салонот. Забележав дека Бритни нема коса и кога ја прашав зошто нема коса, нејзиниот одговор беше чуден. Ми кажа дека не сака никој да и ја допира главата и косата бидејќи и е мака кога некој и ја допира косата“ изјави Емили и ја откри тајната која Бритни никогаш не ја сподели со фановите.

фото: профимедиа

Во филмот се откриени и други непознати детали од животот на пејачката, а еден од ние е дека телохранителите добивале мито од медиумите и давале пристап на пејачката.

фото: Профимедиа

„Имаше двајца телохранители кои требаше да ја бранат од папараците да не ја фотографираат, но еден од нив често ги креваше ролетните“ вели фризерката Езер која била во салонот кога Бритни ја бричела главата.

To top