Радио Милева
„виртуелната слава“ или „млатење празна слама“?

Пнчо-ДНК ги раскринка инфлуенсерите: „Слават лажна слава со бројки кои ништо не значат, а во реалноста се никој и ништо“! (ВИДЕО)

Пнчо-ДНК ги раскринка инфлуенсерите: „Слават лажна слава со бројки кои ништо не значат, а во реалноста се никој и ништо“! (ВИДЕО)

Панчо од ДНК или Владимир Блажев како што му е вистинското име.  музички е познат како македонски  ДЈ и ар ен би и рап артист, ама карактерно е уште попознат како човек „без влакна на јазикот“, па сето она што му лежи на душа и срце, знае да им го плесне в лице.

Овој пат на нишан му беа таканаречените „виртуелни ѕвезди“, кои заедно со старлетите се новите познати лица во новото време… Или поточно, популарни, ама како и старлетите, се без професија: Ниту се пејачки, актерки, спортистки, водителки, манекенки, модели… а се наводно популарни и имаат огромен број свои следбеници на социјалните мрежи. Добро некои од нив и имаат професија, која ја спојуваат со оваа – виртуелната наречена: инфлуенсерство!

А, од која наводно многу подобро се заработува и живее, отколку да се занимаваш со претходноспоменатите јавни професии. Колку е тоа вистина и дали е тоа баш така или сето тоа е само дел од една голема измама, од самореклама без покритие, заради реклама на одредени производи за ситниш, е друго прашање… Или тема за дополнително истражување, сеедно.

И вистинските инфлуенсер(к)и обично се дистанцираат од оние на кои се веќе познати, атоа им е наводно само дополнителна работа, па неретко нс социјалните мрежи читаме полемики, дискусии кои прерасбнуваат во вистинска мала виртуелна војна за тоа кој се’ може и смее, а кој не да биде инфлуенсер и што е тоа што се нарекува со тој збор. Или како што некои познати меѓу нив би рекле: „Не е доволно само да ставиш две-три сликички на Инстаграм“…

Токму Панчо-ДНК влета во таквата полемика, во дискусијата и тоа со видео во кое  ем сликовито, ем вербално од свој агол се обиде да го објасни „апсурдот на постоењето и особено славењето на празните бројки на социјалните мрежи“…

„ До сега 20.000 следбеници… И што се смени? Ништо! Исти „к“… И кога имав 1000, 1500, 2000 и 10 000… и кога би имал 100.000,  јас  сум истиот.  Кај отиде светот, во бестрага? дали е за Вас нормално дфа се слават е*ани бројки на Инстаграм? Од кои половината и повеќе им се купени лајкови и следбеници, а ги слават со тортии балони, „ѓеомити“ родендени и дипломски слават!   Со лигавење онака колку се среќни и колку ги сакаат луѓето што ги следат… Ама оние малкумина, зошто другиве, нели рековме им се купени. Во кој лажен свет живееме ние, не ми се верува?!“

 

 

За тоа кој какви и колку следбеници има, кој колку лајкови собрал, кого колку луѓе го виделе на Инстаграм… А во пракса, во реалниот живот „виртуелната слава“ излегува дека е само „млатење празна слама“? Или можеби, не е?  Дополнително, за што е тоа „лажна слава“  Панчо ќе ви објасни во видеото подолу кое тој го сними и сподели на својот Фејсбук деновиве:

Останати вести од Радио Милева