Плус-сајз манекенката Ешли Греам постојано покажува колку се секси и заводливи покрупните жени кога се сакаат себеси и ги слават своите тела и облини.
Оваа тазе мајка континуирано излегува од својата зона на конфор и храбро се спротивставува на мнозинството кое е подготвено да ја критикува, па дури и отворено ја навредува … Ешли редовно се фотографира гола или во долна облека, не грижејќи се за нападите и упорно го руши застарниот поглед на женската убавина.
View this post on Instagram
Таа неодамна објави кратко видео на Инстаграм во кое ги бричи нозете само во долна облека, па дури и „тверка“ во еден момент.
Ова е всушност реклама за нејзиниот жилет која неодамна го лансираше, а за започнување на овој бизнис очигледно беше инспирирана од негативните коментари кна своја сметка.
“Се сеќавате кога не ги избричив пазувите за време на карантин и луѓето ме прозиваа за тоа? Па, погодете што? Направив свој брич”, напиша Ешли.
View this post on Instagram
„Преубава си“, „Ти си вистинска инспирација“, „Те обожавам“, „Тоа покажува како вистински жени изгледаат под туш“, „Колку сте сензуални“, се само неколку од низата слични коментари.
Да потсетиме, славната 33-годишна девојка неодамна за магазинот „Гламур“ истакна дека сè уште има фрустрирачки разговори за нејзиниот физички изглед, исто како и на почетокот на нејзината кариера.