Радио Милева

Пласидо Доминго обвинет за сексуално злоставување од пред 30 години

Пласидо Доминго обвинет за сексуално злоставување од пред 30 години

Дури 9 пејачки и танчерки го обвинија познатиот Пласидо Доминго за многубројни сексуални злоставувања кои се случувале уште пред 30 години.

Според  најновите информации, еден од најпознатите операски пејачки ги принудувал жените да имаат сексуални односи, а за возврат ќе добијат добри ангажмани и работни прилики.

За успехот понекогаш не е доволен само талент. Сите соништа може да ви паднат во вода ако наидете на моќен човек во вашата професија.

Според пишувањата, Доминго ги уценувал жените да имаат сексуални односи со него, а тој ќе им заврши работа. Ако го одбивале тогаш ги казнувал на тој начин така што ги оставал без ангажмани. Се тоа почнало да се случува во 80тите, а жртвите дури сега проговорија.

фото: профимедиа

Овие обвинувања го шокираа светот бидејќи Доминго е еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, добитник на неколку Греми награди и личност која многумина ја гледаат со почит поради неверојатниот успех.

Денес 78 – годишниот оперски пејач и понатаму настапува,а овој скандал може да му ја загрози кариерата.

Една изјавила како Доминго ја ставил раката под нејзиното здолниште, додека други изјавиле како ги бакнал на сила, една во хотелска соба, друга во гардероба, а треба на ручек.

фото: профимедиа

По тој повод се огласи и Доминго.

„Обинувањата на поединци кои датираат уште пред 30 години се неточни. Сепак, боли кога ќе слушнете дека сте вознимириле некој и сте направиле да се почувствува непријатно, без оглед на тоа кога се случило и без оглед на тоа што било со најдобра немера. Верувајте дека сите мои средби биле разумни, а луѓето кои ме знаат, или они со кои работев, знаат дека никогаш нема некој намерно да навредам или да го доведам во непријатна ситуација“ вели пејачот.

Жените кои го обивнија Доминго тврдат дека поради тоа што го одбиле не постигнале во животот она што можеле.

To top