Мегафон

Планетариумот во МКЦ од утре почнува со работа по пауза од две години

Планетариумот во МКЦ од утре почнува со работа по пауза од две години

Планетариумот во МКЦ, по двегодишна пауза, од утре (01.03.2022) повторно ќе почне со работа.

Предавањата ги реализираат предавачите Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите.

Условите за посета на Планетариум се во согласност со постоечките официјални протоколи за справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19.

Максимален број на посетители на едно предавање во Планетариум е 30 лица. Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на предавањата.

To top