Хрватаската пејачка Северина живее тежок период откако Врховниот суд ја поништи одлуката на Жупанискиот суд за заедничко старателство со таткото на нивниот син Александар.
Старателството над момчето му беше доделено на таткото Милан Поповиќ, а тоа го разгневи регионот, особено гласни беа припадничките на понежниот пол, оние кои пробаа да се снават на местото на скршената мајка чие право на старателство е одземено.
Дека е силна и истрајна, Северина покажа со тоа што и покрај сe’ не го откажа концертот на Јахорина.
View this post on Instagram
Таа ја изведе песната посветена на нејзиниот син Александар „Роѓено мое“, односно не можеше да ги задржи емоциите,а солзите сами течеа додека придружните вокали отпеаја поголем дел од песната. На крајот го остави микрофонот и го покажа средниот прст додека солзи и течеа по лицето.
Видеото од моментот е едно од најпрегледуваните на Инстаграм, а Северина во описот напиша:
-…Бидејќи тоа што не ме уби, нема да ме убие.., напиша таа под видеото од настапот.
Изминатиот период Северина за ускратеното право на мајчинство доби бројна поддршка од многу познати, а меѓу нив ниту познатите Македонки не изостанаа.
Погодена од она што и се случува и емотивниот настап на Севе е и нашата пејачка Антониа Гоговска која во знак на поддршка напиша:
-Каква храбра жена! Поддршка најголема за Севе, а за такви „мажи“ свака част. Психопат, на детето му е место покрај мајката, точка, вели Антони Агиговска.
-Што се’ една мајка може да издржи!- прати поддршка и водителката Милена Антовска- Станковска.
-Мајка- кусо напиша Сања Савеска споделувајќи го видеото на Сверина.
Поддршка во коментари со симболи од срциња стоеше и од: Тијана Дапчевиќ, Елена Најдоски, Александар Дадар…
Случајот на Северина ретко кој остави рамнодушен, поддршка пристигнува од целиот Балкан – обединет за тоа дека во случајов местото на детето е до неговата мајка иако во медиумите осамна и тоа дека наводно била неодговорна, па судот донел ваква одлука.
фото:Instagram printscreen/ severina/ antoniagigovskaa/ milena_antovska