Тамара Тодевска во Тел Авив ќе настапи на 16-ти мај на Евровизија во втората полуфинална вечер со песната „Proud“, која е авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров.
„Proud“, наиде на доста позитивни реакции, но и негативни, претежно од домашната јавност која како по правило секоја година не останува рамнодушна да каже што не чини.
Сепак, не би било нормално да не постојат и такви на кои нема да им се допадне, бидејќи за вкусови не се дискутира.
Песната на официјалниот евровизиски Јутјуб канал беше објавена на 8-ми март, а оттогаш постојано се нижат ласкави коментари на евровизиските фанови од: Русија, Потругалија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Шведска, Холандија, Србија, Украина, Шпанија, Израел, Полска…
Под објавата на спотот, Македонија уште сега може да биде горда колку Европа се воодушевува на нашата песна, а од ласкавите коменатри и видеа со рекации се редат до недоглед. Моќната „Proud“ ги буди емоциите, допира длабоко и навлекува да ја слушаат повторно и повторно.
„Милион поени од Израел. Ова е победникот“; „Победник, поздрави и од Албанија“; „Прекрасна порака, со љубов од Бугарија“; „12 поени од Шпанија“; „Неверојатна и моќна песна! Импресионирана сум! Со среќа од Украина“; Плачам, прекрасна песна! Со љубов од Русија“ – се само мал дел од коментарите на интернет каналот, а нови се редат постојано од сите краеви на Европа.
Македонија сигурно може да се гордее уште сега, бидејќи публиката е онаа која ја носи пресудата, а правилата на Евровизија каде и да не постават, ќе биде јасно дека годинава нашата земја ќе има сосема поинакво искуство од досега на евровизиската сцена.