Радио Милева модна забелешка

Пижама „парти“ или моден тренд: Што мислеше Антониа Гиговска кога го облече ова? (фото)

Пижама „парти“ или моден тренд: Што мислеше Антониа Гиговска кога го облече ова? (фото)

Младата пејачка Антониа Гиговска не мирува. Таа постојано е во турбо период, особено откако нејзината актуелност на музичката сцена порасна и се уште расте, пред се со музика, па потоа и со сите моменти кои и се случуваат на приватен план.

Антониа научи дека за оваа професија треба атрактивност, провокативност, активност и посветеност, но и визуелна атракција без која во денешно време не оди подмачкано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viktorija Bursak (@stylemebursak)

Затоа, таа има своја стилистка која се грижи за нејзиниот имиџ, а секој нејзин настап е доживување како за уши, така и за очи.

Гиговска сака да биде во тренд, да биде поразлична, уникатна, па дури и по цена да не им се допадне на сите, што е сосема легитимно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Периодов за неа ултра актуелни се предимензионираните комплети кои не баш секоја би избрала да ги носи. Но, сцената трпи се’ а Антониа тоа добро знае да го износи со својот став и темперамент.

Еден од последните свилени комплети во земјена нијанса кој го носеше, многуминна ги асоцираше на пижами, други пак на елегантна и префиннета вечерна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Светските модни писти од актуелната сезона, па и неколку претходно, на голема врата го промовираат ваквиот изглед, а стилистката на Антониа очигледно е добро упатена со истото во она што го работи.

Па така, дали тоа некому личело на пижами или нешто друго, тоа е работа на лична перцепција.

Младоста е убава и секој млад човек треба со гордост и полет да ја носи, а кога сцената и јавноста се во прв план како во случајов, тогаш речиси се’ e оправдано.

фото:Инстаграм/Антониа Гиговска/Викторија Бурсаќ

To top