По неколку години пауза, оваа година се враќа скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“. Овогодинешното издание ќе се одржи од 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот „Македонија“. Програмата ќе трае пет дена на 2 сцени со повеќе од 50 артисти. И се разбира над 100 видови пиво. Влезот за сите фестивалски денови е бесплатен.
Организаторот досега потври десетина познати изведувачи од земјава. На главната бина ќе настапат: „Banda Entopica“ и „Фолтин“ (31.08), „ДНК“, Принц, Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ (01.09), „Ареа“, „Conquering Lion“ и „Funk Shui“ (02.09), Бени и „Нон Стоп“, „Shine“ (03.09) На craft бината ќе настапат: „Преку рид“ (31.08), „Последен удар“ и „In the mood“ (03.09), Лара Иванова (04.09).
Фестивалот последен пат се одржа во 2017 година на Скопско кале, кое беше традиционална локација за овој фестивал.