Мегафон фестивали и манифестации

„Пиво Фест“ и останатите фестивали во општина Прилеп „висат во воздух“ заради корона пандемијата: Традицијата годинава „ќе мирува“?

„Пиво Фест“ и останатите фестивали во општина Прилеп „висат во воздух“ заради корона пандемијата: Традицијата годинава „ќе мирува“?

Како поминуваат месеците се наближуваат и неколкуте манифестации кои традиционално се одржуваат во градот Прилеп. Меѓу другите, театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”, меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски“ и најмасовниот, традиционалниот фестивал на скарата и пивото “Пивофест” кој што оваа година треба да прослави 18 години од своето постоење, а истиот  е еден од препознатливите белези на градот под Марковите Кули.

“Разговаравме околу одржувањето на “Пивофест”, одржувањето на театарските игри “Војдан Чернодрински”, фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” и до овој момент навистина неможеме да кажеме ништо. Да видиме прво што ќе кажат Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, па дури потоа ќе може само да се надеваме дека ќе ги оствариме нашите планови и желби. Ќе ги почитуваме сите позитивни чекори за да одиме кон тој правец. Не би можеле вистински да знаеме. Ние би сакале, но не би сакал да шпекулирам се’ уште е рано за такви сознанија, се’ уште се само желбите наши кои ги имаме, ништо друго не би можел да ви кажам во овој момент” – изјави деновиве градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски за порталот „24 Музика“.

Неофицијално, од вработени од општина Прилеп  се дознава оти е кажано дека до крајот на тековната 2020-та година, нема да се случуваат големи народни собирања и манифестации.

To top