Радио Милева празнување по нови правила

Петар Нечовски слави слава по протокол: Пејачот кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание (ФОТО)

Петар Нечовски слави слава по протокол: Пејачот кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание (ФОТО)

Пред новогодишните празници  за православните верници започнува периодот на големите слави… Всушност нив ги има речиси преку цела година, но оние најзначајните некако се сега во доцната есен и зимата…

Таков и денот кога верниците со православна вероисповед го празнуваат Свети великомаченик Георгиј Победоносец или во народот попознат како посен Свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецот, великомаченик Георгие, го моли Христа Бога да ги спаси нашите души“.

И покрај забраните за групирање, собирање, дружење на повеќе од четворица заради корона опандемијата, народот длабокопочитувајќи си ја верата, сепак слави. Слават многумина, меѓу кои и некои познати и популарни личности од македонската естрада.

Еден од нив и охриѓанецот, познатиот фолк пејач Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа, Петар не пропушти она што си е ред и адет да си го направи на денот на домашната слава – Свети Ѓорѓија.

Славата е посна, па домаќинката традиционално зготвила пржена риба, разбирливо охридска пастрмка, а славата без свештеник не ја бидува, па уште рано изутрина пејачот реши да си го испочитува редот и попот беше првиот гостин кај Нечовски на денот на славата.

Но, Петар не е само добар домаќин, туку и одговорен граѓанин, па добро знае дека и за време на славење и адети, мора да се испочитуваат протоколите. Не дека некој ќе дојде рано посабајлечки да те проверува, туку, ако веќе меѓудругото славата е за здравје на домаќините и потесното и пошироко семејство, убаво е да придонесеме здрвјето и да се зачува.

Зашто чумата на 21-от век, „ламјата“ која Свети Ѓорѓија ја прободува со копјето за да не не проголта,  е секаде околу нас. Па затоа, за да не ни се случи од пред врата да ја пуштиме дома и Петар Нечовски и домаќинката, ама и попот ги испочитуваа протоколите.  И домаќините го дочекаа и свештеникот ја вршеше својата богослужба во нивниот дом – со заштитна маска.

Пејачот и домаќинката кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание! А, потоа… од рипчето ќе мора да се касне, секако без маска. Ама, ако… Свети Ѓорѓија да поможит и… Нека е за многу години! Среќна слава домаќине. И тебе и на сите други што ја слават!

 

To top