Хрватскиот поп-пејач Петар Грашо периодов е доста актуелен во регионалните медиуми, а причината за тоа е како професионалниот, така и поради приватниот живот.
Грашо годинава се ожени со ќерката на Тончи Хулиќ, Хана, а неодамна стана татко за првпат на девојче кое го доби името Алба.
Кога е кариерата во прашање, Грашо летово има набиена агенда со настапи низ регионот, а во истите секако е и Македонија каде е почест гостин изведувач.
Неодамна пееше пред пупликата во Македонска Каменица, но неговата база за престој беше Скопје.
Посетата секако беше зачинета со дружба со пријатели и соработници, а меѓу нив беше и нашиот пејач Јоце Панов.
На својот Фесјсбук профил Јоце се пофали со фотографии од дружбата низ скопските ресторани заедно со Грашо, каде од приложеното може да се види дека уживале во лаф муабет, чаша вино, тутун и мезе.
Задоволството е евидентно, а дали од оние блиски пријателски средби ќе произлезе и нешто повеќе на музички план меѓу нив, останува да видиме…
фото:Фејсбук/Инстаграм/Јоце панов/Петар Грашо/@pojemario