Хрватскиот популарен пар Петар Грашо и Хана Хуљиќ ги завршуваат последните подготовки на свадбата која ќе се одржи оваа сабота на 19 февруари, но кријат во која црква во Сплит ќе се одржи црковната церемонија.
Се зборува дека Хана и Петар одбрале црква која нема едноставен пристап за обожавателите и фановите.Наводно црковната церемонија ќе биде попладне.
-На Хана и пречи големата заинтеренсираност за нејзината венчавка со Петар. Толку многу ги кријат деталите за свадбата, ни гостите не знаат во која црква ќе биде венчавката. Наводно во црвката ќе бидат само кумовите и младенците, вели извор близок на парот.
Забавата по црковната церемонија ќе се одржи во поранешниот ресторан на Грашо. Наводно, младоженците планираат да ангажираат телохранители за да не може никој непознат да влезе на прославата. Ресторанот има два влеза и наводно на двата влеза ќе има по еден чувар.
-Хана и Петар на никој не ја откриваат својата приватност. Тие се свесни за интересот за нивната врска, но сакаат приватност, вели изворот за 24сата.хр
Хана, нејзината мајка Вјекослава и кумата Доменика ќе носат фустани од сплитски бренд. Наводно Петар Грашо купил одело во странство.
-Венчаницата на Хана е многу едноставна, како и нејзиниот дух. Немаше посебни желби кога се работи за веначницата, тврди изворот.
Хана и Петар набргу по започнувањето на врската одлучиле да живеат заедно во станот на Петар Грашо во Сплит.
фото: принтскрин/инстаграм/петар грашо/хана хуљиќ