Радио Милева свадба е голема

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе прават и голема свадбена прослава, еве кога

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе прават и голема свадбена прослава, еве кога

Хрватскиот музичар Тони Хуљиќ првпат ја прокоментира свадбата на неговата ќерка Хана Хуљиќ и Петар Грашо.

Тој истакна дека имале „убава, мала и интимна“ забава, но и дека за лето се подготвува голема свадбена прослава.

-Немаше музика која ќе ни пречи, сите бевме DJ, пуштавме музика која на нас ни се допаѓа. Бевме најтесниот круг на семејството и пријателите, изјави Тончи за ртл.хр и откри дека семејството Хуљиќ подготвува уште една прослава.

-Големата прослава се подготвува за на лето. Планираме, човек планира, а Бог се смее. Погледнете со што сме опкружени. Светот повеќе нема да биде ист, животот нема да биде ист, поради пандемијата, војните, додаде Тончи.

Потсетуваме, Хана и Петар се венчаа на 19 февруари 2022 година, а наскор ќе станат родители на нивното прво дете.

фото: инстаграм/petar_graso_fan_page

To top