Мегафон

Песните од новиот албум на Горан Бреговиќ – „Папокот на светот“ се темелат на верски литургии

Песните од новиот албум на Горан Бреговиќ  – „Папокот на светот“ се темелат на верски литургии

Горан Бреговиќ, еден од музичарите со најдолг стаж на овие простори, кој всушност е многу повеќе од тоа. Овој композитор, текстописец, аранжер и продуцент, активен e повеќе од 50 години и стана еден од меѓународно најпознатите композитори од овие простори, а штотуку го најави новиот албум „The Belly Button Of The World“, т.е. „Папокот на светот“.
Подеднакво пофален и оспоруван, Бреговиќ стекна невидена слава со „Бијело дугме“, а во вториот дел од кариерата Бреговиќ успеа да се избори за своето место под сонцето на светската сцена во многу жестока меѓународна конкуренција. Со оглед на тоа што не можеше да оди на турнеја за време на пандемијата, Горан ја искористи можноста да сними албум од пет дела, напишан за три соло виолини, симфониски оркестар, секстет од машки гласови и секако за неговиот Бенд за свади и погреби.

Со новиот албум, Бреговиќ го спојува креативното јадро на неговото еклектично и вечно неочекувано музичко патување. За албумот дизајнирал три лирски приказни засновани на христијанска, еврејска и муслиманска литургија.

Музичките приказни ги изведуваат солисти со меѓународна кариера Мирјана Нешковиќ, Гершон Лејзерсон и Зиед Зуари. Сите песни се напишани, компонирани, аранжмани и продуцирани од Горан Бреговиќ.

Листа на песни на „The Belly Button Of The World“:

1 – The Belly Button Of The World (08:46)
2 – A Moment Of Melancholy (04:50)
3 – A Christian Tale (13:14)
4 – A Jewish Tale (11:50)
5 – A Muslim Tale (13:19)

Албумот е достапен на онлајн платформите од 19 мај, а во продавниците се  очекува да се појави на крајот на месецот.

 

To top