Ја пеат сите во целиот регион, но и корисници на мрежите кои не го познаваат македонскиот јазик, како афроамериканци,од кои и се’ започна. Низ дискотеките кај нас, но и ширума Балканот, диџеите во различни миксови ја пуштаат песната, која предизвикува делириум кај публиката.
Спасен за најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ вели дека не е изненаден, истата песна е хит во Македонија веќе пет години , но е среќен од големината на популарноста која ја постигнала песната „Ќе ти дојдам вечерва“.
Целиот регион пее и танцува на неговата песна, а меѓу многуте девојки кои ги освои овој ритам, се и неколку познати дами, како пејачките Теа Таировиќ и Весна Ѓогани.
Што изјави пред камерата на „ТВ магазинот од зад сцената“ фолкерот Спасен Силјановски, погледнете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА):