Додека пејачката Јелена Карлеуша ужива на одмор во луксузен ресорт во Турција заедно со ќерките, нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ по вторпат е во карантин откако започна пандемијата со коронавирус.
Само овој пат, наместо во Србија тој е во Гванжу – Кина каде се врати поради професионалниот ангажман.
Таму важат строгите мерки за заштита од вирусот, па тој по слетувањето мораше да се изолира.
Како што објави на Инстаграм, Душко поминал сам 13 дена, а за тоа време пуштил брада, а со неа нашол и начин за забава.
Имено, тој објави галерија фотографии на кои е избричен во разни форми на брадата, а на едната фотографија има и мустаќи.
Ваквата објава предизвика многу коментари, а меѓу нив беше и оној на нашиот Перо Антиќ кој низ смајли емотикони му порача да ги остави мустаќите.
Овој коментар на Перо им се допадна на повеќемина, а Душко сепак остана резервиран (барем преку Инсатграм), иако нели имаше и вишок слободно време.