Радио Милева Весело

Перо Антиќ славеше наголемо, а Џамбо Агушев ја крена атмосферата до плафон (фото)

Перо Антиќ славеше наголемо, а Џамбо Агушев ја крена атмосферата до плафон (фото)

Поранешниот кошаркарски репрезентативец, Перо Антиќ, деновиве беше реизбран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, а неговиот нов мандат не помина само со изборната седница и гласањето, туку продолжи во кафеана.

Претседателот и членовите кои го изгласаа се собраа да прослават и тоа наголемо со најдобрата труба, Џамбо и Агушеви. Познатиот струмичанец беше оној што сподели моменти од атмосферата, а со тоа и јавно сакаше да му честита на Перо за реизборот.

-Една слика милион зборови. Благодарност до Перо Антиќ за поканата да бидеме дел од неговата прослава за реизборот за претседател на КФМ. Човек со големо срце, Македонец кој си ги сака и почитува своите луѓе. Ти благодарам за прекрасниот подарок – дрес. Честитки и многу успеси во иднина, напиша Џамбо кој се пофали и за дресот подарок од Антиќ кој веднаш го имаше на себе.

Инаку, Антиќ на чело на КФМ дојде во 2019 година, откако претходната 2018-та ја заврши кариерата во дресот на белградска Црвена Звезда и веднаш по пензијата седна на претседателското столче во мак-баскетот. Тој дојде на местото на уште една кошаркарска легенда, Петар Наумоски.

Покрај реизборот , Антиќ деновиве е актуелен и со својот приватен живот и наводното раскинување на љубовната врска со манекенакта Катарина Ивановска.

фото:Фејсбук/Џамбо Агушев

To top