Обајцата речиси со иста, кошаркарска височина, иако едниот не бил кошаркар… Обајцата на највисоки функции – претседателски, нашиот на спортска, нивниот на државничка. Ги врзува не само српското потекло, туку и големиот клуб за кој нашиот Перо Антиќ во два наврати играше во Србија – белградска КК „Црвена ѕвезда“. Подоцна тој стана и НБА ѕвезда, ама затоа пак претседателот на Србија, Александар Вучиќ покажа дека несомнено е НБА политичар. И не само за Балканот, туку и многу пошироко.
Како и да е, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ вчера, понеделник, 11 септември 2023, во Скопје имаше кратка средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во пресрет на пленарниот состанок на лидерите учеснички на процесот Брдо – Бриони.
Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња му подари необичен и уникатен подарок на српскиот претседател. Александар Вучиќ доби типично српски дизајнирани обувки, ама не… не се опинци, како едно од традиционалните обележја на српската народна носија!
Перо Антиќ на претседателот Вучиќ му подари уникатни спортски патики, специјално декорирани со симболите и државните обележја на Србија.
View this post on Instagram
Александар Вучиќ пријатно изненаден од необичниот подарок на својот Инстаграм сподели:
„Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. Инаку и двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“ – напиша Вучиќ.
View this post on Instagram
Од друга страна Перо Антиќ истот така на својот Инстаграм профил сподели фото и видео, па во нивниот опис раскажа како ја доживеал средбата со српскиот претседател:
View this post on Instagram
„Секогаш е задоволство да се сретнеш со драги пријатели со кои разговараш за сличните интереси. Денеска имав прилика повторно да се сретнам со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ @buducnostsrbijeav .
Разговаравме за кошарка, за последниот медал кој го освои Србија, на Светското Првенство и за претстојните предизвици на спортски план на Србија и на Македонија.
Средбата ја искористив и да му подарам дизајнирани патики со обележја на Србија, креирани од единствениот @swithadot
Се надевам дека во некоја наредна прилика ќе се сретнеме и на кошаркарските терени“ – споделил Антиќ.
Фото: Инстаграм/buducnostsrbijeav/cickostoilko