Перо Антиќ и Катарина Ивановска наводно ставиле крај на својата љубовна романса.
Ако светски познатите личности знаат јавно преку социјалните мрежи да потврдат или демантираат разни гласини кои се шират низ јавноста и медиумите, кај нас тоа не е случај. Приваноста најчесто се чува како државна тајна и најголемиот број од нашите познати ликови се трудат да сокријат се’, независно дали е тоа е за добро или за лошо.
Еден од многуте такви примери е врската меѓу актуелниот претседател на КФМ Перо Антиќ и популарната манекенка Катарина Ивановска. Почетокот на нивната врска беше во тајност се додека не решија да се појават заедно на јавен настан и да позираат пред фоторепортерите, а со тоа да потвдат дека има вистина во чаршиските муабети и медиумските објави.
Сега ситуацијата е нешто поинаква, бидејќи социјалните мрежи се прозорецот кон нивната приватност, погледот во истиот покажува нешто друго.
Перо и Катарина повеќе не се ниту пријатели на Инстаграм, тој е не е нејзин следбеник, а ниту таа негов.
Ако се суди според тоа, медиумите веќе почнаа да пишуваат дека познатата двојка ставила крај на врската. Но, нештата од објавите на нивните профили, особено оние кај Перо, ги подгреваат гласините уште пред да се отследат. Статусите и мудростите кои ги објавува Антиќ алудираат за крајот на врската.
-Поставете јасни граници и заштитете ги. Не губите вистински пријатели, можности, или вистински врски кога почнувате да стоите зад своето и поставувате јасни граници. Тогаш губите злоупотребувачи, манипулатори, нарциси, оние што бараат внимание и пијавици кои го уништуваат менталното здравје, акцентира Антиќ и аргументира веројатно на она што му се случува периодов, секако без да наведе конкретни примери, но доволно да ги подгрее гласините.
За разлика од него, Катарина е порезервирана, па покрај објавите од нејзините тековни модни ангажмани и фотографии со децата, ретко да осамне нешто кое ќе биде некаков сигнал и индикатор дека повторно е сингл. Но сепак, карактерот не и дозволи да издржи без да нагласи дека моментално се идентификува во текстот од новиот хит на другарката Тамара Тодевска, „Нијагара“.
„Промашена стварност“ – издвојува Катарина, кратко и јасно, за неа сосема доволно да го опише она што го мисли, доживува…
Вака или така, дали Перо и Катарина веќе станаа „екс“, или повторно оставија простор за … понатаму, останува непозната.
За потсетување, откако Перо се разведе од Ружица, а Каратина стави точка на врската со Цобе, двајцата решија да и дадат нова шанса на љубовта – заедничка, која сега стои под знак прашалник.
фото:Инстаграм принтскрин/катаринаивановска/перо антиќ/Фејсбук Маја Јаневска Ивиева- музеј на современа уметост