Радио Милева
новогодишната магија дома

Пејачките го украсија својот дом: Беквалац и Илда накитија елки со розови лампиони, а дома кај Вики е како во шопинг мол (ФОТО)

Пејачките го украсија својот дом: Беквалац и Илда накитија елки со розови лампиони, а дома кај Вики е како во шопинг мол (ФОТО)

До Нова Годинао станаа само две недели и иако нема да има големи прослави, многумина со нетрпение ги очекуваат празниците кои ќе ги дочекаат дома, со своите семејства.

Јавните личности, особено оние кои имаат мали деца, не се помалку возбудени, па затоа го искористија недостатокот на работа за да ја украсат елката со своите најмили, а заедно да го украсат и домот.

Една од првите што го подготви својот дом за новогодишните празници е Наташа Беквалац, која уште во ноември ги извади украсите и започна да украсува. Во тоа и помогнаа нејзините ќерки, а со сигурност може да се каже дека елката на Ната е една од најубавите. Преовладуваат розови и сребрени лампиони и речиси да нема гранка на која нема украси. Фотографијата ја сподели на Инстаграм со порака.

„Добро утро и среќна Нова 2021 година. Ви посакувам на сите да бидеме здрави. Би сакала повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година, додека траеше, благодарам“ – напиша пејачката.

Илда Шаулиќ оваа година играше со слични тонови, украсувајќи го својот дом на почетокот на декември, а то го стори порано заради нејзината наследничка, која како и секое дете, со нетрпение ги очекува новогодишните празници. Елката на пејачката изгледа како оние што ги гледаме на филм, а на неа доминираат розовите и бронзените тонови.

Вики Миљковиќ,  се обиде својот стан во „Белград на вода“ да го накити како шопинг мол – полн со украси и Дедо Мразовци… На нејзината елка доминираат црвената и златната боја, како и безброј шарени сијалички.

Останати вести од Радио Милева