Радио Милева
цврст сон и лесна рака...

Пејачката Зорица Марковиќ ограбена: Крадците ја фатиле на спиење и однеле „половина куќа“!

Пејачката Зорица Марковиќ ограбена: Крадците ја фатиле на спиење и однеле „половина куќа“!

Зорица Марковиќ била ограбена минатата недела, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, кога тројца непознати крадци провалиле во нејзиниот семеен дом во Јајинци.

Пејачката во тој момент спиела во нејзината соба и не слушнала никаква врева што ќе ја разбуди. Кога станала утрото, таа нашла хаос во дневната соба. Наводно исчезнале две скапи слики во вредност од 10.000 евра, како и позлатена трпезна ламба, ѕиден часовник, мобилен телефон и целиот сервис за јадење.

„Половина од вредните предмети и украси ги немаше, па ништо не и беше јасно. Прозорците беа  уредно затворни, но вратите беа отклучени. Бидејќи никој од нејзините не беше дома, таа веднаш го повика нејзиниот помлад син Илија и му рече дека провалници очигледно провалиле во куќата. Таа потоа телефонирала кај еден свој  познаник кој работи како полициски инспектор и тој пристигнал во рок од дваесет минути“ – открива добро информиран извор, инаку сосед на пејачката и додава дека безбедносните камери од куќата помогнале во фаќањето на крадците.

„Бидејќи Зорица неодамна ја реновираше куќата и некои работи сè уште не се завршени, таа си обезбеди камери за сопствена безбедност. Кога полицијата ги прегеледала снимките, сè веднаш било јасно и виновниците биле брзо пронајдени. Се работи за  локални разбојници кои и се познати на полицијата уште од рана возраст.

За среќа, работите во текот на два дена се вратени од куќата, па Зорица не  претрпела материјална штета, освен што била потресена, исплашена и измалтретирана“ – завршува соседот на пејачката.

Останати вести од Радио Милева