Радио Милева

Пејачката замина на „ремонт“: Анабела се ослободи од целулитот, а наскоро ги менува и силиконите стари 20 години

Пејачката замина на „ремонт“: Анабела се ослободи од целулитот, а наскоро ги менува и силиконите стари 20 години

Пејачката Анабела Атијас помина низ тежок период поради разводот со нејзиниот сопруг Андреј Атијас, но и поради грижите за нејзината поголема ќерка Луна Ѓогани кој две сезони беше во „Задруга“.

Анабела отсекогаш важеше за секс бомба, но во последните години поради обврските се запостави, па престана со тренинзите.

Меѓутоа, откако се разведе Анабела планира повторно да се посвети на себе и да ја доведе својата линија до совршенство. Пејачката освен во теретана замина во сала каде што со помош на третман со апарати се отстрануваат масните наслаги.

фото: Приватна архива

„Зима е и вистинско време да се доведам во ред. Го сакам моето тело и одлично се чувствувам во моја кожа, но поради обврските не успеав да се посветам на себе. На мене се гледаат траговите од трите бремености и не се срамам.Наскоро ќе снимам спот и одлучив линијата да ја доведам до совршенство. Не сакам да претерувам, на време започнав да се грижам за кожата. Што се однесува до естетската хирургија, немам проблем да признам дека пред 20 години ставив силикони, кои наскоро ги менувам“ објасни Анабела.

фото: Приватна архива

Пејачката вели дека не сака само да има згодно и затегнато тело туку сака и нејзиното лице да изгледа негувано.

„Тоа секогаш ми е потребно. Секогаш велам – пред се нега. Немам оперирано ништо на лицето, но немам проблем за жените кои се незадоволни со својот изглед да ги кориграат недостатоците. Мислам дека најважен е сонот, но и тоа каде се негувате. Сега кога ќе го затегнам стомакот ќе бидам тип – топ“ вели пејачката и додава дека се подготвува за новогодишните празници кои ќеги помине во кругот на семејството.

To top