Сека Алексиќ сподели фотографии и јавно се пофали со подароците кои ги добила од своите наследници.
Пејачката Сека Алексиќ преку својот Инстаграм профил се пофали со подароците кои ги добила од синовите Јаков и Јован за Денот на жената.
Имено, постариот син на Сека и Вељко, Јаков, направи емотивна честитка за својата мајка, а она што го напиша ја остави пејачката без зборови.
-Во срцето на мајка ми чука и моето срце – пишува во честитката во облик на срце. А помалиот син Јован се потрудил да ја изненади мајка си. Тој и подари црвено срце кое Алексиќ веднаш го сликаше и го сподели на мрежите.
На крај, пејачката упати порака со јавна поддршка и благодарност до жените, по повод денешниот ден.
– Осми март е всушност женска благодарност до сите оние жени кои немаа право на мислење, говор, образование, формално право на глас и сите други избори. Тоа што многумина од нас го имаат тоа „нормално“ платено е со многу жртви – напиша таа и додаде:
Осми март е благодарност до сите оние кои низ историјата биле затворани, тепани, мачени, дискриминирани и понижувани, само затоа што се жени. Како и привлекување внимание на сите оние жени кои и денес ја водат таа борба. Поради нив сите ја водиме – напиша Сека.
Фото: printskrin/instagram/Seka Aleksic