Пејачката Зорана Миќановиќ луѓето ја запознаа преку натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, каде го сврте вниманието на себе. Иако тогаш беше уште малолетна, Зорана се издвои од толпата, а потоа имаше и хит.
Меѓутоа, како што самата изјави во една прилика, поради талентот и амбицијата, пејачката била на мета на врсниците во училиштето.
– Имав проблеми со децата. Не сакаа да се дружат со мене затоа што пеам народна музика и затоа што пеам воопшто. Ми рекоа дека ќе бидам пејачка во кафеана. Никогаш немав поддршка од моите пријатели, но по некое време, особено по песната „Сиктер“, сите ми приоѓаат и бараат да се сликаат со мене и да се дружиме. Сега сфатија дека згрешиле – почнала пејачката, а потоа проговорила за саботажите кои ги доживеала.
– Никој не ме навреди, туку ме саботираа. Ми се случи да отидам на тезга и да ми го исклучат микрофонот, никого нема да именувам. Сега тоа не се случува. Не работам тезги на тоа ниво, но зад мене го имам „Гранд“ кој ми договара настапи. Заштитена сум – признала Зорана, а потоа проговорила за прекарот „новата кралица на бакшишот“ како што многумина ја нарекуваат и колку бакшиш навистина земала.
– Мило ми е што така ме нарекуваат, бидејќи тоа значи дека народот ме сака. А за тоа колку најмногу сум земала би го задржала за себе – заклучила пејачката за Еспресо.рс.
Фото: Принтскрин/ИнстгарамЗорана Миќановиќ