Радио Милева

Пејачката со емотивна порака за детството: „Јас сум Весна Ѓогани, бев сиромашно девојче и живеев под мост“

Пејачката со емотивна порака за детството: „Јас сум Весна Ѓогани, бев сиромашно девојче и живеев под мост“

Српската пејачка Весна Ѓогани имала тешко детство, а нејзината мајка Сретана била принудена да ја остави во дом за деца.

По краткиот престој во домот, Весна била посвоена од страна на брачен пар, а таа често комуницирала со нејзината мајка.

Весна на своите следбеници одлучи да им покаже каде живеела пред неколку години.

„Јас сум Весна Ѓогани, Облаковска 43. Ова е улицата на моето детство. Тука пораснав. Во мојот двор беа моите први концерти. Тука започна мојата кариера, тука започна мојот сон“, напиша Весна и додава:

фото: Инстаграм

„Ова е мојот мост, мостот на моето детство. Тука се игравме. Се шетавме. Секоја недела поминуваа Ѕвезда и Партизани и навиваа. Се слушаа и трамвајите, а  на нас ни изгледаше како да слушаме музика. Ја сакавме таа врева“  вели Ѓогани.

фото: Инстаграм

„Сега некој го уништи мојот мост, моето детство. Да бев сиромашна девојка, со големи соништа. Сиромашно девојче со голема фантазија“  напиша Весна и продолжува:

фото: инстаграм

„Зарем некој може да те осуди што си живеел под мост, си имал парче леб и парче небо. Тажна сум поради тоа и затоа дојдов тука. Не заради себе, туку поради девојчето кое плаче во мене. Да се извинам на мојот мост бидејќи знам дека го боли. Затоа што само тој знае која сум јас, кои се моите соништа. И дека никој не ме собра туку ми го по покажа патот по кој да одам. И деенс да бидам се што сум. Успешна и мирна жена. Со многу љубов околу себе. Со публика која се весели со мене, која понекогаш плаче. Тие не даваат да ми течат солзи. Ви благодарам предобри луѓе.  Сега сум мирна бидејќи ги добив сите одговори, мојот мост, мојата љубов, моето детство“ завршува Ѓогани.

фото: инстаграм
To top