Радио Милева
дегустатор...

Пејачката слатко изненадена: Кога виде кого и донесоа во емисија, Тијана остана подзината! (ВИДЕО)

Пејачката слатко изненадена: Кога виде кого и донесоа во емисија, Тијана остана подзината! (ВИДЕО)

Македонската пејачка и актерка со белградска адреса на живеење Тијана Дапчевиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот за нешто што и пречи или едноставно не и се допаѓа. Неретко знае тоа отворено на таквите „да им го плесне в лице“, и да ги шокира со своите изјави.

Арно ама, ниту таа не е имуна на шокови и изненадувања, па токму едно такво и се случи деновиве и то среде емисија.

Имено, Тијана беше гостинка во една емисија за готвење, кај Тања Анѓелковиќ, автор и водител на ТВ емисијата „Нека ти е слатко“, каде беше и „слатко шокирана“ од страна на домаќинката.

Откако талентираното македонско девојќе беше домаќински угостено од водителката и ТВ екипата, следуваше подготовката на специјалитетот на денот – крофни!

Она што беше замислено беше и подготвено, следуваше  моментот на вистината….

Дегустација на специјалитетот, за која домаќинката и подготви специјално изненадување на гостинката од кое Тијана остана шокирана… Специјален дегустатор!

Имено, водителката Тања пријатно ја изненади својата гостинка со тоа што ненајавено на дегустација и го донесе нејзиниот син Вук! А, кога виде кого и донесоа во емисија, Тијана остана подзината! И тоа најмногу заради две нешта.

Како прво, нејзиниот син никогаш не гостувал со мајка му и тој заедно со неа сега за прв пат се појавува во една ТВ емисија…

А како второ, Тијана иако беше позитивно шокирана, успеа да забележи и не пропушти да искоментира колку убаво Вук се дотерал за појавувањето со мама на ТВ.

Специјалитетот сите заедно  го дегустираа, а коментарите… „Рапсодија на вкусови“, како што забележи Тијана. Впрочем, може ли да не биде добро и трпезата да не биде слатка на заеднички обед со „син на мајка“!?

Фото и видео: Инстаграм/tanjcika/tijana.dapcevic

Останати вести од Радио Милева