Познатата пејачка Сенида Хајдарпашиќ позната под уметничкото име Сенидах, сподели со своите следбеници на социјалните мрежи нови фотографии, кои предизвикаа лавина од пораки, а како и не би кога на нив расната убавица е во многу провокативни изданија.
На една од нив пејачката сакала да се покаже во домаќинско издание додека мие чаши за време на едно од бројните снимања.
Но очигледно во студиото и станало толку жешко што на крај го соблекла раскопчаното џемперче кое ионака нешто многу не покрива, па на следната фотографија останала само по тиркизниот свилен градник со тантела.
Коментарите под двете објави на Инстаграм не престануваат да се редат, додека во описот како нејзин одговор Сенидах само кратко напишала:
„Извинете, затворени сме“!