Легендарната пејачка Шер деновиве беше во центарот на вниманието откако се шпекулираше дека се бакнува со музичкиот продуцент Александар Едвардс, кој е 42 години помлад од неа, а гласините за романса дополнително се разгореа откако беа видени како нежно се држат за раце.
78-годишната Шер и 36-годишниот Александар се снимени заедно, а друштво на кратко им правел нивниот пријател, раперот Тајга. Парот шетал насмеано низ улицата полна со минувачи и папараци и изгледа дека не им пречи премногу вниманието што го привлекоа откако беа забележани.
Шер, која може да се пофали со младешки изглед, за излегувањето избра црна комбинација, панталони и корсет кои го истакнаа нејзиното деколте, а над кои облече кратко сако. Александар е познат по врската со манекенката Амбер Роуз, со која раскина пред една година, откако таа го обвини дека ја изневерува со 12 жени, што и самиот на крајот го призна тоа. Двете ѕвезди го имаат тригодишниот син Слеш.
Шер зад себе има два брака, од 1964 до 1975 година беше во брак со Сони Боун, со кого го има синот Чејс Боун, а од 1975 до 1979 година, нејзиниот сопруг беше музичарот Грег Алман, со кого го има синот Елајџа Блу Оман, а бeше и во страсна врска со актерот Вал Килмер, која траелше десет години, а на крајот останаа добри пријатели.
Фото:Принтскрин/Профимедиа