Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ со години беа еден од најпознатите љубовни парови, а неодамна дури се пишуваше дека пејачите ја обновиле својата романса.
Сепак, Милан не ја подржа, додека пејачката ја преживуваше најголемата драма од страна на опседнатиот обожавател.
Имено, Рада доживеа вистинска агонија кога опседнат фан ја оцрнуваше, а пејачката случајот го пријави во полиција.
-Рада е среќна што обожавателот сега се помирил, бидејќи штом го пријавила во полиција престанал да се заканува дека ќе објавува лаги за неа. Таа нема да застане тука и ќе го гони на суд. Но, овој случај ја натера Рада да се разочара од многу луѓе, бидејќи малкумина ја поддржаа. Не дека го бараше, ниту очекуваше некој јавно да застане покрај неа, но ја заболе што не добиваше зборови за поддршка ниту на приватен начин. Најмногу е разочарана од нејзиното поранешно момче Милан, бидејќи тој никогаш не застанал до Рада ниту јавно, ниту приватно. Не и пратил ни порака, а камоли да крене телефон – рекол извор близок до пејачката.
Оваа ситуација ја натера да прецрта многу луѓе од својот живот, а меѓу нив беше и нејзиното поранешно момче Милан.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Р.Манојловиќ/Марина Лопичиќ