Како бомба одекна веста дека пејачката Теа Таировиќ е приведена на аеродром во Германија, А сега се огласи и нејзината колешка Гога Секулиќ, која откри дека некогаш и таа била во затвор.
Гога призна дека поминала 24 часа во затвор во Хрватска бидејќи купила автомобил.
– Нека е жива и здрава. Јас бев во затвор во Хрватска 24 часа затоа што купив автомобил. Одев преку граница да го земам и мислев дека кога ќе го платам вториот дел, ќе го земам и вториот клуч, кога колата била украдена! Имав среќа што не бев во ќелија, седев со началникот, испадна дека сум била со мафијата за крадење автомобили – изјави Гога во „Премиер – Викенд Специјал“.
Теа Таировиќ, која беше приведена на аеродромот во Хамбург, беше ослободена по неколкучасовно испрашување.
– Така е, ја пуштија. Како што кажав, таа остана три дена повеќе во Шенген зоната, па поради тоа ја задржаа. Нејзиниот пасош е пополнет бидејќи многу патува и работи, поради што постапката траела подолго. Пред две недели имаше превид, кога и истекоа 90 дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е ок – изјавил менаџерот на Теа за „Курир.рс“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гога Секулиќ