Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како „Бресквица“, се прослави преку романсата и заедничката соработка со своето поранешно момче Михајло Веруовиќ Војаз, а веста за нивното раскинување ја разбранува јавноста, па дел од обожавателите сѐ уште не можат да поверуваат дека двајцата нема да снимаат заедно песни.
И двајцата продолжија со соло кариерите и помали успеси после раскинувањето, а за нивниот љубовен живот постојано се шпекулира.
Иако „Бресквица“ малку зборува за приватниот живот, на својот Инстаграм често се фали со подароци, па сега покрај фотографијата со црвени рози стави емоција со прстен, а многумина се посомневаа дека младата пејачка се верила.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/brrrreskvica