На емисија во живо се случи голема непријатност пред очите на гледачите кога судијата на шоуто Икс фактор, Луис Волш ја фати за задникот пејачката Мел Би во текот на емисијата.
Додека водителката го интервјуираше Луис, јасно се гледа како раката му поминува кај задникот на пејачката, за потоа цврсто да ја зграби.
Некогашната спајсица беше во шок и го прекина интервјуто, па го предупреди Луис:
-Луис, те молам, тргни ги рацете и стави ги тука да ги видам, кажа таа.
Иако снимката е стара четири години, дури сега „крена прашина“ во Америка и Англија, а многу корисници на Твитер овој чин го карактеризираа како сексуално вознемирување.