Радио Милева

Пејачката одлучи да изгради нова куќа на 4 КАТА, со спална соба поголема од ПРОСЕЧЕН СТАН!

Пејачката одлучи да изгради нова куќа на 4 КАТА, со спална соба поголема од ПРОСЕЧЕН СТАН!

Британската пејачка Адел одлучи да издвои 13 милиони евра за куќа во Лондон.

Имено, Адел одлучи да си ја обезбеди иднината, и инвестираше дури 11 милиони во купување на две вили во делот на Кесингтон кој штотуку започнува да се развива. Покрај тоа што одвои 11 милиони за тие два плаца, Адел одлучи да ги урне постоечките куќи и да изгради нова, а тоа задоволство ќе ја чини дури 2 и пол милиони евра.

– Оваа куќа е вистинското место за најголемата sвезда во светот. Сите пари ќе бидат потрошени – вели изворот.

Изворот не претера со таа изјава, имајќи предвид дека Адел планира вилата да биде висока дури 4 ката, со три апартмански спални соби и многу скапа игротека за нејзиниот осумгодишен син Анџело, кого го доби во бракот со Симон Конецки.

Целиот прв кат од куќата ќе биде издвоен за неа, а таа планира да направи спална соба за неа и нејзиното момче со големина од 100 квадратни метри, што е речиси двојно повеќе од просечен стан во Лондон. Друга придобивка што ќе ја имаат Адел и нејзиното момче Рик Пол се одделни бањи за неа и за него, и никогаш нема да мора да се чекаат еден со друг.

Трошењето пари не застанува тука, туку Адел дизајнираше и изградба на гаража во подрумот на оваа вила каде што ќе може да ги смести сите нејзини миленичиња, а во дворот ќе има градина и доволно простор за скара со пријателите и семејството.

To top