Популарната пејачка Тамара Тодевска месецов го почна со патување на далечна дестинација во одбрано згодно друштво на егзотичниот остров Маврициус, каде што заедно со водителката Лила Филиповска, албанската пејачка Биг Мама и уште по некој од скопската женска екипа ги полни батериите за претстојни обврски.
„Каков почеток на март… А следува многу повеќе“, им порача таа на своите многубројни следбеници на Инстаграм, објавувајќи неколку фотографии на кои позира на балконот од својата хотелска соба.
View this post on Instagram
Со нетрпение очекуваме да видиме што следува, земајќи предвид дека од приложеното им се замати погледот на многумина… Како и не би, кога онака природно надарената Тамара со својата цицлеста поза речиси ќе ви се здаде в лице, па погледот не ќе можете да го тргнете од нејзините… Впрочем, погледнете и самите:
Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska