Силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. По првичниот потрес биле почуствувани уште два афтершокови од 4 и 3,1 степен според Рихтер.
Како што пишуваат австралиските медиуми, неколку објекти во Мелбурн биле оштетени, но нема информации за поголема причинета материјална штета.
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека за сега нема податоци за посериозно повредени граѓани.
Maкедонската пејачка Маријана Новачевска која публиката ја памети од дуото Маријана и Росана живее во Австралија, па отаму често објавува фотографии известувајќи ги своите ФБ пријатели како го поминува времето, а често знае и да се најде во друштво на македонската фолкерка и нејзина колешка Татјана Лазаревска.
По силниот земјотрес кој ја погоди Австралија, Маријана се огласи на социјалните мрежи.
„Јак земјотрес во Мелбурн. Толку бев исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај дојдов и до вратата. Изгледа сум заборавила што е земјотрес“,напиша таа покрај фотографијата на која се гледа паднати цвеќиња по земјотресот.
Под нејзината објава се нижеа коментари,а Маријана истакна дека 29 години не почувствувала земјотрес, додека пак нејзината сестра Росана во коментар напиша: „Ти си добра, стравот е голем. Јас немам проблем со земјотреси.Живеам на 11 спрат и кога е почне да клати јас веднаш паѓам во несвест и после ништо не знам“.
фото: фејсбук/маријана новачевска