Хрватската пејачка Маја Шупут повторно не ги платила сметките за комунални услуги, поради што нејзиното име се појави на огласната табла на Општинскиот граѓански суд во Загреб.
Инаку, ова не е прв пат да и се случи ова, бидејќи истото и се случи и двапати во последните шест месеци.
Првиот пат се работеше за сметка за одржување на зградата во која живее пејачката, а сумата изнесуваше околу 70 евра.
„Ова се приватни работи за кои не можам да коментирам. Сигурно го платила долгот“ – изјави тогаш за хрватските медиуми менаџерката на пејачката Катарина Колар.
Во тоа време се шпекулираше дека Маја заборавила да ги плати сметките за режија бидејќи била зафатена со подготовки за венчавката, но и за одморот во Грција. Вториот пат се зборуваше за долг за вода во износ од 120 евра.
Третиот долг е повторно за вода, во износ од околу 50 евра за периодот од март до јуни 2020 година. Во прилог на новата е и постарата сметка за вода во вредност од околу 70 евра, која е зголемена за трошоците за камати и судски такси.
Сите три пати на Маја и беше кажано дека извршителите ќе тропнат на нејзината врата, но тоа сепак до сега не се случило, но… за се’ има прв пат!