Пејачката Гоца Тржан има полни раце работа, но сепак најде време и за друг приватен бизнис.
Имено, Гоца решила со сопругот Раша Новаковиќ да отвори музичко студио каде музичарите ќе можат да снимаат песни.
– Опремуваме студио кај нас во Бач, во куќата на родителите на Раша. Таму ќе направиме студио за снимање песни, кавери и слично. Ќе биде средено по мој вкус, а ние, музичарите, ќе имаме и простор каде што ќе можеме да свириме како што сакаме – откри Тржанова.
Работам многу, па понекогаш не знам дали водам емисија, дали пеам, дали глумам, но тоа е мојот живот. Да беше поинаку, односно да немав толку работа, веројатно ќе умрев од досада – додаде пејачката низ насмевка.
Да потсетиме, освен соло настапи, Гоца Тржан редовно одржува концерти и со бендот „Тап 011“, а во исто време снима емисија во која со јавни личности разговара за бројни теми. Покрај тоа, пејачката снима и семејни реални шоуа, како и видеа за сопствениот Јутјуб канал.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гоца Тржан