Радио Милева сепак е тажна

Пејачката Бојана Стаменов ослабе, но новиот изглед не и донесе многу среќа (фото)

Пејачката Бојана Стаменов ослабе, но новиот изглед не и донесе многу среќа (фото)

Бојана Стаменов призна како се чувствува откако драстично го промени својот изглед. Имено, Бојана Стаменов ослабе неверојатни 80 килограми и стана инспирација за многу мажи и жени кои носат вишок килограми, а сега откри кој и бил инспирација. На прашањето зошто успеала да ги изгуби вишокот килограми и кој и бил инспирација за потфат во кој многумина не успеваат, Бојана открила дека нејзин модел е светската ѕвезда Бијонсе.

– Бијонсе ми беше инспирација, кој друг би ми бил? Едната е Бијонсе, а другата Бијонсе – се пошегува Стаменова. На патека полна со подеми и падови, што секако е борбата со вишокот килограми, пејачката откри дали препорачува помош од професионалци.

-Најважна е поддршката на семејството, секој сам си го избира отровот (се смее). Дали ќе биде психолог, животен тренер или нешто друго, е прашање на избор – тврди пејачката. Сепак, и покрај тоа што сега се чувствува одлично во своето тело, Стаменова тврди дека сега ја мачат некои други проблеми:

-Кога видов дека ми оди добро, навистина се израдував, тоа беше голема мотивација за мене. Навистина сакам сите да бидеме здрави, бидејќи знаете што велат „во здраво тело, здрав дух“. Секако дека сега сум задоволна со својот изглед, но сепак сум тажна за некои други работи, така секогаш ти оди. Се разбира, понекогаш сум тажна, имам мои „мрачни моменти“, но таков е животот – објасни Бојана.

Фото:Принтскрин/Ата Имаџес

To top