Радио Милева скриена камера

Пејачката Барбара Бобак направила сцена во продавница: „Знаете ли која сум јас?!“ (видео)

Пејачката Барбара Бобак направила сцена во продавница: „Знаете ли која сум јас?!“ (видео)

Пејачката Барбара Бобак сака да се шегува, а сега направи сцена со работник во продавница, кој бил повеќе од шокиран од однесувањето на пејачката.

Барбара беше дел од емисијата „Скриена камера“ каде имаше интересна задача.

Имено, таа отишла во продавница за спортска опрема каде барала патики за фолклор. Во еден момент се случува ситуација кога Барбара паѓа на подот, а работничката целата изненадена приоѓа да и помогне.

– Уф, ме боли ногата! Нога! Ме боли ногата. Ова е лизгаво, а никаде не пишува – изјавила пејачката која потоа ја збунила работничката кога открила дека има осигурување и дека ќе ги тужи.

@pitalice #foryou #foryoupage ♬ original sound – Miša

– Се ќе ти наплатам! Дали знаеш која сум јас? – прашала Барбара, а работничката зачудено признала дека не ја познава.

– Па, еден ден ќе знаеш. Се гледаме на суд! – беше јасна пејачката.

– Како можам сега да пеам пред мојата публика? Искрено, мојот поголем проблем сега е проблемот за оваа нога.
Оваа ситуација ги насмеа сите до солзи, а Барбара со своите постапки успеа да ја збуни работничката и на тој начин да си ја исполни задачата.

Да потсетиме, Барбара синоќа во емисијата на Огњен Амиџиќ се појави во црвено и ги воодушеви сите присутни со својот стајлинг.

фото: Instagram printskrin/ barbarabobakmusic

видео: Tik Tok/ pitalice

To top