Пејачката Анѓела Вујовиќ, попозната како Анџелина, неодамна беше на одмор во Занзибар, а сега откри дека во догледно време планира и да се пресели на овој егзотичен остров, каде што ќе изгради и мини студио.
View this post on Instagram
„Дефинитивно во догледно време ќе се преселам, кога ќе направам се што треба. Таму решив да направам мини студио и колиба, не ми треба многу. Го открив местото на мојот живот. Таму не најдов дечко, само уживав во погледот на морето, со себе, пишував песни, ми требаше да уживам, одлично се одморив – изјавила Анџелина за Блиц, која потоа објави дека на лето ќе објави и нов албум.
Анџелина за време на престојот во Танзанија објави фотографии и видеа од плажата, од забавата, а можеме да видиме колку ужива и од насмевката на нејзиното лице.
– Овде навистина се чувствувам како дома и тоа што дојдов само се покажа како најдоброто нешто на светот. Одморив, се дружев, си дојдов на себе – изјавила пејачката.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/angellinaofficial