Радио Милева карамбол

Пејачката Ана Бебиќ очевидец: БМВ удрило во паркирани возила, возачот побегнал, а совозачот им се заканувал на собраните луѓе со пушка деке ќе ги потепа (ФОТО)

Пејачката Ана Бебиќ очевидец: БМВ удрило во паркирани возила, возачот побегнал, а совозачот им се заканувал на собраните луѓе со пушка деке ќе ги потепа (ФОТО)

Вчера попладне, 27 јуни 2019 год. околу 18 часот се случила сообраќајна несреќа  кога автомобил од марката “БМВ” со француски регистарски таблички влетал во два паркирани автомобили при што биле повредени три лица, вклучувајќи и едно тригодишно дете. На самото место се нашла и пејачката Ана Бебиќ.

„Јас сум под голем стрес, не можам да зборувам сега, разберете ме ве молам. Во ред сум, ви благодарам што прашувате“ – рекал Ана Бебиќ по повикот од новинарите на српски “Блиц”.

Голем број полицајци и неколку возила за брза помош веднаш се нашле местото на настанот.
Како јавиле известувачите од местото на настанот, возачот на „БМВ“-то  веднаш го напуштил автомобилот и исчезнал по инцидентот, додека сопатникот им се заканувал на насобраните луѓе кои притрчале да помогнат по инцидентот, дека  ќе  ја земе пушката и ќе ги потепа!

Фото: Ало/Масанори Јошида

To top