Актерот Ал Пачино ( 79) меѓу првите пристигнал на доделување на БАФТА наградите, меѓутоа доживеа пех на црвениот килим.
Тој се појави со својата девојка која е 36 години помлада од него, израелската актерка Метејал Доан. Познатиот актер доживеа пех, односно тој падна додека фоторепортерите го фотографираа.
Неговата девојка веднаш дојде да му помогне, но на актерот не му беше сеедно додека искривен лежеше на подот.
Фотографијата од црвениот килим брзо се прошири низ социајалните мрежи.