Деновиве како бомба одекна веста дека сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ има љубовница.
Имено, наводно Душко е во емотивна врска со екс сопругата на познатиот пејач Пеѓа Јовановиќ – Близанац.
Наводно, новата девојка на српскиот репрезентативец Ана Јовановиќ е добро позната во спортските кругови, а кога нејзиниот сопруг дознал за нејзините излети, нивниот брак пропаднал.
По пишувањаа дека Душко и Ана се љубовници, се огласи и Јовановиќ која ги демантираше и овие пишувања.
И поранешниот сопруг на Ана, Пеѓа за курир.рс ги прокоментира пишувањата дека наводно неговата екс сопруга е во емотивна врска со Душко.
„Ана и јас не сме заедно и не е мое да се мешам и да коментирам. Ние сме во супер односи и секогаш ќе биде така“, одговори Пеѓа.
Исто така во еден српски медиум се појавија написи дека наводно Душко ја запознал со Јелена Карлеуша, а по овие написи реагираше и Јелена која истакна дека тоа не е точно и дека нејзиниот сопруг поднел тужба. Но, набргу го избриша постот од својот „Инстаграм профил“.