На втората полуфинална вечер на „Евровизија“ настапи и Тамара Тодевска под реден број 17.
Таа се претстави со песната „Proud“, а нејзината моќна и емотивна изведба и овозможи пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота.
Македонската јавност ја подржа Тамара и доби многу пофалби и убави коментари.
Меѓутоа, таа добива и позитивни коментари од цела Европа и од соседството.
Медиумите во регионот пишуваат само убави зборови за нашата претставничка.
„Сестрата на Тијана Дапчевиќ ја претставуваше Македонија на Евровизија, а еден детаљ ги разнежи сите“,
„Сестрата на Тијана Дапчевиќ пееше со солзи во очите: Тамара Тодевска ја претстави својата земја на Евровизија со многу силна емоција“,
„Фотографија која воодушеви: Сестрата на Тијана Дапчевиќ на Евровизија имаше посебна порака, а овој гест по настапот предизвика силен аплауз“, се само дел од насловите кои се најдоа во вестите на регионалните медиуми.
За потсетување, Тамара ќе настапи под реден број 1 во сабота во финалето на Евровизија.