Немања Николиќ се уште е на сцената, иако не е многу медиумски активен. Тој е натпреварувач од првата сезона на „Ѕвезде Гранда“. Се натпреваруваше со Тања Савиќ, Славица Ќуктераш, Стив Анѓелковиќ и Бане Мојиќевиќ.
Тој му гостуваше на Огњен Амиџиќ во емисијата, па се осврна и на односот со колегите од првата постава.
– Со сите сум добар, Стева ми е кум, често се гледаме, со никого немам проблем – истакна Немања, а потоа Огњен го праша како сега се разбира со Саша Поповиќ:
-Со Сале ги имам сите коректни односи – накратко изјави Немања и додаде дека тој е единствениот кој никогаш немал врска или афера со колешки, а од 2007 година е во среќен брак.
Да потсетиме, победник во првата сезона од популарното шоу беше Бане Мојиќевиќ.
фото:Printscreen Pink/ Youtube